Македонија

Возило „бмв“ излетало од локален пат во кумановско, тешко повреден возачот

Вчера вечер во 23.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во село Проевце, кумановско, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Д.Т. од село Вак`в, кумановско излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово..

На почеток