Македонија

Тешко повреден мотоциклист од гостиварско, изгубил контрола и паднал на коловозот

Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај село Колари, 35-годишниот С.В. од село Мало Турчане, гостиварско управувајќи мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

На почеток