Македонија

(Видео) Коридорот 8 се докажа и потврди како еден од најважните наши проекти со стратешка релевантност, велат од ДУИ

Демократската унија за интеграција преку прес конференција изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада, како што велат, без етнички легитимитет.

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада без етнички легитимитет. Ова само го потврдува нашиот стабилен визионерски пристап и долгорочните политики за напредок на земјата и за изградба на модерна патна инфраструктура“, соопштуваат од ДУИ.

„Не можеме да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се спротивставуваа на овој проект и се закануваа со негово поништување, денес го нарекуваат историски проект. Оваа промена во ставовите ја потврдува вредноста што Коридорот 8 ја претставува за развојот на Северна Македонија и за подобрување на нејзините врски со регионот и Европа.

Политиките на ДУИ секогаш биле во интерес на граѓаните, и секојдневните резултати ги убедуваат тие дека обвинувањата и нападите насочени кон нас не беа ништо друго освен обид за освојување на власта без вистинска поддршка.

Наспроти критиките, бараме овој важен проект успешно да се реализира. Исто така, апелираме за изградба на тунелот на патниот правец Гостивар-Букојќане, оценувајќи го како најсоодветно решение за изградба на Коридорот 8.

ДУИ бара предвидените средства за овој проект да се искористат според планирањето, без непотребни пречки или одложувања.

Овој проект го носи печатот на ДУИ, го носи печатот на нашата посветеност за заедничкото добро и за подобра иднина на Северна Македонија“, соопштија од ДУИ.

На почеток