(Фото) Поставен транспарент „Правда за Крешник“, откако ексминистерот за ДУИ стана осомничен по издадената дозвола за работа на дискотеката „Пулс“


Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“, а е испишан на македонски и албански јазик е поставен на надвозник на автопат, а го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Оваа герила акција доаѓа откако Бектеши доби статус на осомничен како ексминистер за економија, а по пожарот во дискотеката „Пулс“ која изминатите години работела и со легална дозвола, иако според обвинителите, не исполнувала никакви услови.
„Да ги оставиме институциите да си ја завршат работата. Обвинителството и судот да работат по словото на законот. Правда за Кочани мора да има“, напиша Стојаноска.

Screenshot
На Бектеши му беше одреден и 30-дневен притвор. Со наратив дека Бектеши е неправено обвинет, настапи и опозициската ДУИ. За време на Рамазан Бајрам, ваква порака испрати и Бујар Османи кој го посети семејството на обвинетиот.
