(Видео) ДПМНЕ го одбра тренерот по кик бокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат, рече Петровска
„Поминаа првите 100 дена на новата власт, но на нивната неспобност не и се гледа крајот. Напротив, секој ден сме сведоци на скандали, потреси, но и лаги. Една по една доаѓаме до нивната најголема лага, а наша реалност: државата никогаш не им била важна, само власта“, рече Славјанка Петровска од СДСМ.
„Именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик е најголемиот срам, но и понижување на државата и на професионалците кои животот и работниот век го посветија во безбедносно-разузнавачката заедница.
Од сите професионалци кои ја градеа оваа заедница, дпмне го одбра тренерот по кик бокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат.
Агенцијата за национална безбедност денес не е истата онаа од времето на Горан Грујоски и Сашо Мијалков, денес оваа Агенција има углед во НАТО безбедносно разузнавачката заедница и е вклучена во активности и проекти од стратешки интерес за државата, но и НАТО приоритетите. Но, очигледно дека ДПМНЕ дава се од себе овој углед да го уништи и да го врати како во времето на фамилијата.
И токму затоа имаме многу прашања кои се од значење за иднината на државата кои во интерес на јавноста сакаме јавно да ги поставиме и да добиеме одговори.
Едно од тие прашање е добиено од свиркачи, вработени безбедносно-разузнавачката заедица, и е следно: каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето? Каде престојувал, неколку дена пред датумот на полагањето. Но, и многу други поврзани со неговите сегашни активности во Агенцијата. Како на пример, што тој знае за скандалозните помилувања?
Бидејќи ова се прашања од јавен интерес, јавноста, граѓаните и тие 500.000 што гласаа за ДПМНЕ и Силјановска на последните избори, и веќе се каат, но и сите граѓани на Република Северна Македонија имаат право да ја знаат вистината.
Токму затоа денес поднесовме иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на АНБ и ќе даде одговор на овие, но и други прашања.
Бараме оваа седница да биде отворена за јавност за да може да биде сведок на поставените прашања, но и дадените одговори.
Од таа седница јавноста ќе може да се увери дека после оставката на членовите на Комисијата за помилување, кои беа наместени од структури на ДПМНЕ, треба да следи уште една оставка, овој пат во интерес на државата, а не партијата на власт“, изјави Славјанка Петровска од СДСМ.