Македонија

Мицкоски ќе бара одговорност од Панче Тошковски, ако министерот не бара одговорност од Спасовски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе бара одговорност од Панче Тошковски, но само ако не бара одговорност од ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, особено за пасошите дадени на нарко картели. Според Мицкоски, жените (службеничките) кои понесоа одговорност, биле само жртва за Спасовски да не ја понесе.

„Ќе барам одговорност од Панче Тошковски, ако не бара од вас одговорност за тоа што сте го правеле! Ваша работа е кога ќе дојде Пекер (н.з. дел од нарко клан) и ви побара пасош да го одбиете, а не да му давате во Драчево во 11 часот навечер“, рече Мицкоски

Тој додаде дека Спасовски не си ја работел својата работа, туку правел злоупотреби.

„Ако вие сте постапувале, наместо да давате пасоши на лидери на белосветски нарко картели, ако сте се фокусирале да истражите кој носи јаглен, зошто ЕЛЕМ има најголем број договори во четири очи, тогаш и ќе ви станело јасно зошто имате 18 пратеници, а ако продолжите вака – прашање е дали ќе имате и двоцифрен број на следните избори.

На почеток