Македонија

(Фото) Пратеници на ДУИ протестираа пред Мицкоски додека говореше

Пратеници на ДУИ со транспаренти излегоа пред Владата и премиерот Христијан Мицкоски во знак на протест, дека Владата не е легитимна за Албанците. Според ДУИ, тие немаат претставник во Владата.

„Без етничка припадност, нема охридски договор“, стоеше на еден од транспарентите, а кој алудираше на укинатиот Балансер.

„Денес “големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред премиерот Христијан Мицкоски, држејќи банерчиња во раце. ДУИ е демонтирано и од нив повеќе ништо не зависи“, вели Бране Петрушевски.

На почеток