Македонија

Уапсен криминалец од Куманово баран со потерница

Вчера вечер во 23 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 28-годишниот С.Р. од Куманово.

Тој бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закони, а бил баран по потерница за доиздржување на една година и четири месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на казната.

На почеток