Уапсен Раде Трајковски – Штекли за трговија со дрога


МВР потврди дека го уапси Раде Трајковски – Штекли.
Тој се сомничи за организирање на мрежа за трговија со дрога. МВР трага по останатите десетина членови на криминалната група, според медиумите, поврзана со картелот „Беланоца“.
Како што објавија дел од медиумите, Штекли е уапсен при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија.
Трајковски преживеа три обиди за убиство во 2024 година, а ова беше поврзано што со неговото криминално дејствување.Нападите се случија во трговскиот центар „Ист Гејт“ и во неговиот дом.
Министерството соопшти дека апсењето на Штекли е дел од стратегија за искоренување на криминалните мрежи поврзани со трговијата со наркотични средства. Бирото за јавна безбедност во координација со МВР активно работи на разбивање на нарко мрежите.
