Магла, зимски услови, влажни коловзи – состојба на патиштата


ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
„Намалена видливост поради магла до 100 м. има во К.Паланка,Страцин,Штип,Битола,Ресен,М.Брод и Плетвар.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, веат од јавното претрпијатие.
