Се очекува снег во источните предели од нашата Македонија


Денес (недела) ќе имаме повеќе облачност над Македонија, но студот полека ќе попушта. Во источните предели и тоа особено во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник) ќе има послаби врнежи кои ќе бидат од дожд или од дожд и од снег во градовите а на повисоките населени места, и на планините ќе врне само снег. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер.
Во Скопје и околината денес (недела) ќе имаме повеќе облачност.
Што се однесува до температурите, тие во текот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во Скопје максимумот на температурата денес ќе се искачи близу 10 степени.
Слаби локални врни од дожд и од снег ќе имаме и утре во текот на денот.
