Скопје

Заменети оштетените корпи за ситни отпадоци во општината Сарај

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши замена на сите оштетени корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Сарај. Активностите се реализираа на десетина локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови, известува Комунална хигиена-Скопје.

И во претстојниот период, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци поставени на подрачјето на градот Скопје.

На почеток