Скопје

Подигнати 30 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Бутел и Аеродром

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад.

Активностите се одвиваа во скопските општини Бутел и Аеродром.

Во општината Бутел е интервенирано во населбата Радишани, каде што се отстранети приближно 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Радишанска.

Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа и 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Бојмија, во непосредна близина на Железничката станица во скопската општина Аеродром, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

На почеток