Македонија

(Видео) СДСМ: Ги отрфламе злонамерните шпекулации за седницата на ЦО излезени од кујната на ДПМНЕ

Најостро ги отфрламе ваквите шпекулации за седницата на Централниот одбор којашто се одржа во вторникот и ги сметаме за тенденциони и злонамерни, излезени од кујната на ВМРО-ДПМНЕ, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Благодарам за ова прашање бидејќи досега тие што ги објавија овие шпекулации и невистини не се обратија до нас за да проверат дали воопшто е точно.

Имавме успешна седница на Централнито одбор, како што известивме, во демократска атмосфера, донесени се одлуки за одржување на Конгресот на 24 ноември за избор на ново раководство и нови политики“, соопшти Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

На почеток