ДУИ: Изет обвинителот нека го затвори коцкањето и нека се раздели од кумството со српскиот коцкарски бос
„Од устата на босот на урбаната мафија Изет Мегавин Меџит не се изусти ниту збор за:
– 140.000 евра на сметката на директорот на Државна лотарија Александар Климовски од српскиот приватен партнер на Лотарија
– За одлуката на моноетничката влада која откри дека српскиот коцкарски бос, спонзор на Изет Мегавин Меџити, цели 7 години незаконски организирал коцкање на интернет и има освоено стотици милиони евра.
– За враќањето на коцкарскиот монопол во рацете на српскиот газда, пријател на Изет МегаВин Меџит.
-За затворање на државната комтрола и организација на индустријата за да му го врати монополот на неговиот омилен српски газда. – За над 100 милиони евра добивка со само 1 милион евра инвестиција
– За незаконскиот договор на неговиот шеф со кој се суспендира Законот и државната контрола врз неговата компанија иако законот строго го забранува тоа“, соопшти ДУИ.
„Изет, кој ја игра улогата на Обвинител со обвинувањата и тужбите напишани од српскиот газда на коцкарската индустрија, да ја затвори онлајн платформата за коцкање МЕГАВИН како што вети!
Изет, дури и птиците знаат дека си омилениот лик на српскиот коцкарски бос и дека неговата уста и ум зборуваат преку твојот глас и тело.
Изет, ниту едно казино или кладилница не затвори. Изет, зошто го постави твокот Афет Мифтари во Лотарија иако вети дека нема да го направиш тоа.
Не ти требаат Албанци во државното претпријатие затоа што доволно е да бидеш самиот ти во служба на приватниот српски коцкарски газда“, соопшти ДУИ.