ДУИ ги лаже своите членови за да не си заминат, убедува Меџити
Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ ги коментираше случувањата во ДУИ, каде што, како што вели тој, раководството постојано ги лаже своите членови како механизам за да не се распаднат.
„ДУИ користи механизам на лажење на широкото членство за да не си заминат. Кажуваат дека ќе се вратат за еден месец, за два месеци, дека ќе организираат протести. Потоа, кога ќе видат дека немаат поддршка за протести, велат дека ќе организираат средби со граѓаните, а кога тие средби се одржуваат, ги држат со партиските структури, кои патуваат од Куманово до Ликово и обратно, лажат едни други“, изјави Меџити.