Уапсен 27-годишник од Виница, украл мобилен во кафеана во Куманово
Од
Објавено на
Вчера во 21.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 27-годишниот Џ.И. од Виница. Тој се сомничи дека истиот ден во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Куманово одзел мобилен телефон.
Џ.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.