Македонија

Трагедија во Охрид: загина 18-годишно момче, со возило излетало од пат

Денеска во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од 18-годишниот Д.Ц. од Охрид, излетал од патот.

Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16-годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, извести СВР Охрид.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На почеток