(Видео) Протече стара снимка од синот на Доналд Трамп, милиони се зачудени: „Зошто зборува со словенечки акцент“
Корисниците на социјалните мрежи станаа опседнати со ретка снимка на која синот на Доналд Трамп, Барон зборува, кога имал само четири години.
Откако остана надвор од центарот на вниманието во поголемиот дел од својот живот, најмладиот син на Доналд (18) стана интернет сензација во последните месеци – и, според Дејли Мејл, еден од најпосакуваните ергени во Америка.
Little Barron Trump with his Slavic accent.
The US will soon be a Russia-friendly, Serbia-friendly, Hungary-friendly state. Suffer and seethe liberals. pic.twitter.com/Qk3IJcCBlk
— James Porrazzo (@JamesPorrazzo) November 14, 2024
Самиот Трамп тврдеше дека токму неговиот син стои зад политичката стратегија на гостувања во бројни подкасти, кои на новиот американски претседател му дадоа значителна поддршка од помладиот електорат.
Сепак, на социјалната мрежа Икс се појави видео кое брзо стана вирално, откривајќи дека малиот Барон на четири години имал силен словенечки акцент. Многу од неговите новооткриени обожаватели се шокирани од откритието, со оглед на тоа што речиси и да нема снимки од Барон Трамп како зборува на Интернет.
Овој клип е преземен од специјалното шоу на Лери Кинг во 2010 година, во кое легендарниот американски водител помина извесно време со Доналд и Меланија Трамп. Видеото за неколку часа собра неколку милиони прегледи.