Завчера имало уште еден обид за убиство во Скопје: Жртвата била застрелана во абдомен
На 15.11.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката.