(Видео) Протест пред канцелариите на Арсовска поради проблемите со јавниот превоз
Од
Објавено на
Протест пред канцелариите на Данела Арсовска поради проблемите со јавниот превоз, најави Курто Дудуш, градоначалник на Шутка.
„Секој ден се соочуваме со проблем, со немање јавен превоз, со саати чекање на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова ладно време, на минусни температури, нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три саати да чекаат автобус и тоа да биде како на лотарија – ќе дојде или нема да дојде“, рече градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш.
Како што најави Дудуш, мирниот протест ќе се одржи в петок од 13 часот.