„Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво“: Филипче со честики до Шекеринска
„Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи.
„Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност.
Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница.
На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех“, додаде Филипче.