Македонија

„Пред 10 години никој не можеше да замисли дека Македонија ќе биде членка на НАТО, а уште помалку дека наша сограѓанка ќе биде на чело“, Лога со честитки до Шекеринска

„Пред десет години, никој не можеше да замисли или да поверува дека Македонија ќе биде членка на една од најголемите воени организации во светот, како НАТО, а уште помалку дека една наша сограѓанка ќе биде на чело на истата. Овој избор покажува дека правилните и стратешки одлуки, без разлика колку се тешки за една држава или народи, носат конкретни придобивки и резултати“, кажа Кренар Лога, потпретседател на АА.

„Затоа, и последниот чекор што ѝ преостанува на Северна Македонија во врска со уставните измени претставува завршен километарски камен за да станеме членка на Европската Унија.

Честитки и многу успех на нашата сограѓанка, Радмила Шекеринска, во нејзината нова задача во НАТО. Честитки за европска Македонија, честитки за НАТО!“, додаде Лога.

На почеток