Свет

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас, Мухамед Диаб ал-Масри, пренесува АП.

Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за војната во Газа и нападот минатиот октомври.

Со оваа одлука, Нетанјаху и другите од наредбата стануваат меѓународно барани осомничени, а тоа најверојатно дополнително ќе ги комплицира преговорите за прекин на огнот. Но, практичните импликации може да бидат ограничени бидејќи Израел и САД не се членови на судот, а неколку функционери на Хамас веќе се убиени во конфликтот.

Нетанјаху и другите израелски лидери го осудија барањето на државниот обвинител Карим Кан како срамно и антисемитско. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, изрази поддршка за правото на Израел да се брани од Хамас.

На почеток