Седум дена ќе му се позајмува гориво на ЈСП од резервите
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, објави дека е решен акутниот проблем со превозот во Град Скопје.
„Како што најавив претходно, Совет на град Скоје на 21 ноември во вечерните часови одржа итна вонредна седница, петнаесетта по ред на овој состав во изминатите три години, посветена на колапсот со јавниот автобуски градски превоз во главниот град.
Членовите на Совет од сите советнички групи беа на висината на задачата. Низ конструктивна двочасовна расправа укажаа на низата недостатоци во секојдневното работење на ЈСП-Скопје во изминатиот период и проблемите со кои се соочува претпријатието во обезбедувањето на витална функција за граѓаните на Скопје и сите останати кои на дневна уснова користат јавен автобуски превоз.
По завршувањето на расправата со консензус беа формулирани заклучоци кои беа усвоени од страна на огромното мнозинство од присутните. Советниците ја поздравија соработката на град Скопје и Влада на РМ во решавањето на акутниот проблем со снабдување со гориво за автобусите на ЈСП преку позајмица од стоковите резерви, во траење од 7 дена, додека ЈСП низ законска процедура, одобрена од Биро за јавни набавки, не склучи договор за снабдување со гориво во наредниот период“, објави Славески.
РЕШЕН АКУТЕН ПРОБЛЕМ СО ЈАВНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ
Како што најавив претходно, Совет на град Скоје на 21 ноември во вечерните часови одржа итна вонредна седница, петнаесетта по ред на овој состав во изминатите три години, посветена на колапсот со јавниот автобуски… pic.twitter.com/qt0xZtDrWA
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 22, 2024