Честитка од претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод Денот на албанската азбука
На Денот на албанската азбука се потсеќаме на овој историски момент, кој го означува крајот на Битолскиот конгрес и го отелотворува идентитетот на албанскиот народ, кажа претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Како претседател на Собранието на Северна Македонија, каде што Албанците се државотворен народ, овој празник и албанскиот јазик ги ценам како камен-темелник на општеството и етничката различност и се залагам да се обезбеди еднакво третирање и почитување на секое ниво на институционалното и општественото живеење. За мене како Албанец, овој ден претставува неразделива суштина на мојот
идентитет, што ме прави горд.
На сите Албанци насекаде низ светот, честит 22 Ноември!“, порача Гаши.