Македонија

Уапсен функционер од ДУИ

Полицијата го уапсила Мухамед Љамалари, кој бил затекнат на Бит Пазар, а беше баран со потерница. Тој ваи за висок функционер на ДУИ, а според информациите, тој оди во притвор како осомничен за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија,

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Делата за кои се сомничи Љамалари се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Љамалари во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал групата која дејствувала, велеа од Обвинителството.

„Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување“, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

На почеток