„Не ми се веруваше што гледам, дедо со електрошок во Аеродром малтретираше мачиња“, сведоштво за мачење животни без причина
Водителот Ване Маркоски раскажа за страотна ситуација во Аеродром, каде малтретирани биле улични мачки. Кога го прашал возрасниот човек зошто го прави тоа – вели дека ќе бил и тој мета на напад.
„Дедо од околу 70 години, позади Капитол, денес околу 17:00, ладнокрвно, со електрошок во рака, малтретираше мачиња. Прво не ми се веруваше што гледам. Несвесно продолжив да си го гледам патот… Слушнав како некој му довикува од терасите да не го прави тоа, сфатив што е работа, па му пријдов и јас, за малку ќе ме нападнеше и мене затоа што го прашав зошто го прави тоа. Дојде уште еден човек, сите застанаа да ги заштитат мачињата, а стариов психопат избега.
Не успеав во таа паника и стрес да го снимам. Од една страна почуствував таков бес, затоа што едноставно ние немаме судство, немаме кој да не заштити, а од друга страна и малку среќа кога видов како се собраа луѓе и каква емпатија покажаа. Муабетот ми е, бев бесен од случкава, ама и среќен што луѓево, можеби кренаа раце од системот, ама барем почнавме самите да се штитиме од лудаци“, вели Маркоски.