Магазин

„Значи, хорор“: Марија Шерифовиќ откри со каква мана е родена – затоа и денес има проблем

Пејачката Марија Шерифовиќ со своите обожаватели сподели детал за себе.

Марија Шерифовиќ на својот Јутјуб профил откри каков проблем има од детството.

Имено, таа објасни зошто носи протеза.

„Ако случајно некој го интересира тоа што јас како 39-годишна личност носам протези – тоа е затоа што сум родена со четири заби помалку“, рече таа и додаде:

„Значи, долу имам двојка, па тројка, а таму горе имам кец и потоа тројка. Значи, јас немам други две горе, а други долу, значи четири при раѓање. И пак вилицата ми е мала, залак не ми се среди… Значи, ужас“, се пожалила таа, пренесува „Блиц“.

На почеток