Македонија

Лажни маилови во име на ФЗО, случајот е пријавен во полиција: „Не наседнувајте“

Фондот за здравствено осигурување на Македонија извести дека има сознанија дека се појавиле лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да се од ФЗО.  

„Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк. Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР“, соопшти ФЗО.

Фондот веќе го пријави случајот во МВР.

На почеток