Македонија

Вработените од Фондот за здравство на протест

Вработените во Фондот за здравство, според најавите, денеска излегуваат на протест. Незадоволни се од неусогласувањето на платите со растот на минималецот. Бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.Вработените во Фондот за здравство, според најавите, денеска излегуваат на протест. Незадоволни се од неусогласувањето на платите со растот на минималецот. Бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата. Според претседателот на Синдикатот на УПОЗ, вработените во Фондот за здравствено осигурување стравуваат дека освен без усогласување со минималната плата ќе останат и со помали плати по 31 мај. Денешниот протест во 11 часот велат е предупредувачки протест.

Штрајкот ќе започне на први јуни, а тоа да не се случи вработените бараат во текот на мај управниот одбор да биде разрешен и да се постават нови членови кои ќе дозволат да се усогласат платите на вработените, односно примањата да не им се намалуваат од 1-ви јуни.

Станува збор за сума од 2.400 денари.

Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.

На почеток