ДУИ дециден дека никој нема да го симне од власт
Европскиот фронт на ДУИ е дециден дека без нив, нема да има следна Влада. Сметаат дека само тие ги претставуваат Албанците, но и другите помали етникуми како Турците, Ромите и Бошњаците. Посочуваат дека ќе победи народот, а не политички стурктури.
Според нив, само тие можат да ја внесат Македонија во Европската Унија. На прес-конференција посочија како досега се залагале.
Уверуваат дека нивните пратеници ќе бидат дел од наредната Влада.
Засилената реторика на ДУИ доаѓа по најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да коалицира со нив, туку со албанската опозиција – а по изборните резултати каде СДСМ губеше со 180 илјади гласови на првиот круг од претседателските избори.