Скопје

Град Скопје објави јавен повик за избор на членови на телото Скопје-европска престолнина на културата 2028

Град Скопје во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје го објави јавниот повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 Европска престолнина на културата.

Јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на Град Скопје кои имаат значително искуство во една или повеќе области по повикот со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 Европска престолнина на културата и тоа во изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки.

Повеќе информации за јавниот повик на: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/.

На почеток