„Сведочев како човек во Драчево со огнено оружје упати истрел кон пет кучиња кои јадеа” – скопјанка алармира за обид за убиство на улични животни
„Сведочев за човек кој живее кај моите родители, не гледајќи дека јас сум во возилото зема огнено оружје и го упати со истрел кон 5 кучиња кои само јадеа на самиот тротоар и ништо на никого не правеа, откако виде дека го гледам се повлече, а оружјето го наполни повторно на самата тераса и го остави позади врата“, пишува Амела Мемиш Апостоловска на социјалните мрежи.
„Првенствено имам деца кои на таков начин кога би го виделе би створиле траума, второ добив информација дека и птиците ги стрелал, жал ми е што не бев во состојба да направам слики прибидејќи веќе имав еден телефонски разговор и самиот телефон не подржуваше камера да се вклучи.
Човекот е жител во Населба Драчево, дали има дозвола за тоа оружје да го има дома, дали е во психичка здравствена состојба добар не верувам“, додаде таа.