Не смее да има на улица слободни кучиња, а ‘Лајка’ да престане да пушта кучиња по селата во околината на Скопје, акармира Најчевска
Професорката по право, Мирјана Најчевска го впери прстот кон ЈП Лајка, претпријатие на Градот Скопје, чиј градоначалник е Данела Арсовска. Ова доаѓа по поплаката од жителка дека куче скокнало над неа и ја искалао на стомак, додека пак количката со нејзиното дете паднала.
“Ајде вака уште еднаш да повторам: Не смее да има на улица слободни кучиња без газда и поводец. Секој кма право да се заштити од слободно пуштено куче на секој можен начин. А ‘Лајка’ да престане да пушта кучиња по селата во околината на Скопје”, апелира професорката Најчевска.
Сандра Лазаревска од Скопје на Фејсбук раскажа за напад од улично куче на пешачка патека во скопската населба Карпош. Како што пишува, таа била на прошетка со своето бебе, а завршила со рани на стомакот.
“На прошетка со бебето неполни 40 дена, на стаза наменета за пешаци, каде што ПРИТОА нема никакво осветлување. Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашувам дали оди накај мене или према нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам, паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и се стрчаа да ми помогнат…
И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки?
Скраја да е!”, напиша таа на нејзиниот Фејсбук профил и ги повика надлежните да го решат овој проблем.