Миа Костова: Ќе го изгубите и Центар, може треба да се разгледа можноста часови да се држат во септември во МПЦ, пријатно, ладничко на ниво
Инфлуенсерката Миа Костова по бурата од реакции која ја крена со објавата дека нема да го пушти нејзиниот син во училиште додека во училниците температурите се 37 степени, замина во Санторини. Во дел од коментарите ја прашуваа дали плаќа данок кон државата од профитот кој го прави како јавна личност, на што таа одговори. Најголемиот револт го донесе фактот што училиштето во кое учи нејзиниот син е новоизградено, но без клими.
“Сите загрижени кои прашуваат дали плаќам данок, ќе мора да ве разочарам дека плаќам. До денар. Пари на рака не земам. Затоа што ова што го работам не е пазар. Знам дека сте разочарани и од фактот дека не работам со компензации во случај некој да ве праша. И да, сѐ си плаќам сама, напиша Костова.
На дневен ред на Советот на Општина Центар ќе се најде и барање за донација од црква на МПЦ во Берлин. Тоа го искоментира и Костова.
“Е сега, кога веќе плаќам данок имам право да барам основна вентилација па и клима во школо и тоа да е приоритет пред инвестиција на општина Центар за црква во Берлин. Може треба да се разгледа можноста часови да се држат во септември во МПЦ, пријатно, ладничко на ниво. Штета баш ми е криво што ќе го изгубите и Центар.
Ботови на сдсм дали сте спремни на 3….2….1… Отидов ја на Санторини, вие мислете му ја кај идат парите и челичајте ги вашите Херкулчиња на 78 степена и радувајте се на црква во Берлин. И да, Санторини сама си го плаќам”, додаде Костова