Скопје

(Видео) Митески: Три години општина Аеродром се трансформира, во фокус се потребите на граѓаните

„Општина Аеродром во изминатите три години покажа огромна посветеност и фокусираност на потребите на граѓаните. Со гордост можам да кажам дека во изминатиот период изградивме и започнавме изградба на нови паркови, плоштади, детски градинки, училишта и спортски објекти. Целосно се посветивме на реконструкција на постојната инфраструктура и на изградба на нова“, рече Дејан Митески, градоначалник на општина Аеродром.

„Во нашиот фокус беа и остануваат најмладите, кои се наша иднина. Работевме на подобрување на условите во градинките и училиштата, а континуирано дававме безрезервна поддршка на спортот и културата.

Никогаш не ги заборавивме ниту највозрасните, нашите пензионери кои дале огромен придонес за ова што го имаме денес и од кои можеме да црпиме искуство и мудрост.

Аеродром е мој и ваш дом, во него живееме, работиме и ги растеме нашите деца. Тоа ни претставува мотив плус со уште поголем жар да создадеме средина во која сите заедно ќе функционираме беспрекорно во нашето секојдневие и заеднички ќе се радуваме на сите успеси.

Нашата визија за растот и развојот на Аеродром се претвора во јаве, затоа што само со внимателно менаџирање на средствата може да се инвестира во проекти што се од значење за жителите.

Мојот претходник, министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и јас имаме ист став кон тоа како треба да изгледа и да функционира една локална самоуправа и затоа продолжуваме напред кон креирање на нова успешна приказна за нашиот Аеродром.

Но, не можам, а да не нагласам дека сме во постојана комуникација и со сите граѓани, отворени сме да ги слушнеме мислењата, предлозите и идеите и на тој начин да го трасираме патот кон создавање на поубава и подобра општина.

Токму во тој контекст, сакам да истакнам дека периодов спроведуваме инклузивен процес за креирање на буџетот на општина Аеродром за 2025 година. Работиме транспарентно и за доброто на граѓаните“; изјави Дејан Митески, градоначалник на општина Аеродром.

На почеток