Скопје

Граѓаните на општина Аеродром ќе можат да даваат предлози за креирање на општинскиот буџет за 2025 година

Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година.

На средбите што ќе се одржуваат во текот на ноември во основните училишта, ќе прусуствува в. д. градоначланикот Дејан Митески заедно со претставници на Општина Аеродром.

Аеродромци ќе можат да ги дадат своите предлози и идеи и да дискутираат на теми поврзани со буџетот за наредната година во следниве денови:

13 ноември, среда – подрачно ООУ „Гоце Делчев“ – Долно Лисиче
14 ноември, четврток – ООУ „Браќа Миладиновци“
15 ноември, петок – ООУ „Гоце Делчев“

18 ноември, понеделник – ООУ „Блаже Конески“
20 ноември, среда – ООУ „Димитар Македонски“
22 ноември, петок – ООУ „Љубен Лапе“

26 ноември, вторник – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
27 ноември, среда – ООУ „Александар Македонски“
29 ноември, петок – ООУ „Лазо Ангеловски“

Почетокот на средбите ќе биде од 19:30 часот, каде што ќе има и формулари на кои граѓаните ќе можат да ги остават своите идеи во пишана форма. Жителите што нема да присуствуваат на некоја од овие средби, своите предлози имаат можност да ги испратат на е-адресата [email protected].

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2025 година, со што ќе придонесат во создавањето подобри услови за живот и работа во општината.

На почеток