Аеродром тргнува во офанзива против бучавата – строги контроли и високи казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
bucava

Општина Аеродром започнува засилени инспекциски надзори за мерење и санкционирање на прекумерна бучава, со цел да се заштити здравјето и дневниот и ноќниот мир на граѓаните. Според Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање звук над пропишаните гранични вредности, а општинските инспектори ќе вршат постојани контроли, особено во угостителските и туристичките објекти.

— реклама —

Законот јасно пропишува – во станбени згради од 19 до 23 часот не смее да се надмине ниво од 35 dBA, а од 23 до 7 часот границата е 30 dBA. Секое прекршување ќе биде санкционирано, и тоа со значително високи глоби: од 6.000 до 7.000 евра за микротрговци, од 13.000 до 14.000 евра за мали трговци, од 37.000 до 41.000 евра за средни, од 62.000 до 69.000 евра за големи правни субјекти, како и 2.000 евра за трговци поединци.

— реклама —

Општината апелира до жителите – доколку сте изложени на прекумерна бучава, пријавете на:
inspekcija@aerodrom.gov.mk

— реклама —

Целта, како што нагласуваат од општината, е јасна: ред, почитување на законот и тивка, здрава животна средина. Затоа пораката е недвосмислена — мирот во Аеродром нема цена, но непочитувањето има последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygnojo6sv865e3oaea8G

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Скопје | пред 1 месец

media-libraryngfqqtaffma643h12CC

Во Центар автоматски систем ќе мери бучава на критични локации

Скопје | пред 2 месеци

mercedes

Заплена на луксузни возила во Струга по гласна бучава – одземени се пет автомобили, интервенција на полицијата

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања