Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Нов асфалт, тротоари и осветлување на делница долга 777 метри во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryh2sh3vuf4ikjdmGoTvc

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на сообраќајна делница во општината која, како што соопштија од локалната самоуправа, за првпат добива целосна реконструкција.

Со проектот се обновува делница во должина од 777 метри, при што се поставуваат околу 6.000 квадратни метри нов асфалт и нови тротоари на површина од 1.500 квадратни метри.

— реклама —

Од Општината посочуваат дека за првпат на оваа делница ќе биде поставено и улично осветлување, со што се очекува подобрување на безбедноста, видливоста и условите за одвивање на сообраќајот.

Станува збор за фреквентен потег што секојдневно го користат и граѓаните и компаниите што функционираат во овој дел на Аеродром.

— реклама —

Вредноста на инвестицијата изнесува 17 милиони и 908 илјади денари.

Проектот е дел од поширокиот циклус за реконструкција на улици во Општина Аеродром, кој опфаќа вкупно 5,4 километри патна инфраструктура, со вкупна вредност од 138 милиони денари, средства обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт и врски.

„Продолжуваме посветено да инвестираме во модерна, безбедна и функционална инфраструктура за сите граѓани“, соопштија од Општина Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4gnvm44uc04k9UIfhNc

Пролетна дератизација во Општина Аеродром

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-library7dhbf8mtgg5l4iPeNxm

(Видео) 20.000 евра казна по драмата во Долно Лисиче, каде возач беше фатен како фрла шут на дива депонија

Скопје | пред 1 месец

bucava

Аеродром тргнува во офанзива против бучавата – строги контроли и високи казни

Скопје | пред 5 месеци

media-library0upejgtaei40eQZHFVv

Општина Аеродром стартува со првата системска селекција на пластичен отпад во домаќинствата

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања