За камиони со калливи гуми глоба од 1.300: Општина Аеродром ја казни и фирмата и управителот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library0k8j0qk3a96r1NMCLvw
ФБ

Општина Аеродром изрече вкупна парична казна од 1.300 евра на една градежна фирма поради непочитување на Законот за јавна чистота. На правното лице му е изречена глоба од 1.000 евра, а на управителот дополнителни 300 евра.

— реклама —

Казната следи по инспекциска контрола на локација кај Полициската станица Аеродром во Ново Лисиче, каде што било утврдено дека од блиското градилиште во сообраќај се приклучувале камиони со нечисти гуми. Според општинските служби, со тоа се предизвикувало ширење нечистотија и се нарушувала животната средина, што е спротивно на законските правила.

— реклама —
— реклама —

Од Општината нагласуваат дека нема да толерираат вакво однесување и дека секое непочитување на обврските за одржување на јавната хигиена ќе биде санкционирано.

Во следниот период, Аеродром најавува поинтензивни контроли на сите активни градилишта. Инспекторите ќе проверуваат дали инвеститорите ги спроведуваат мерките за заштита на животната средина, дали ги одржуваат градилиштата чисти и дали избегнуваат зафаќање на јавни површини при изведба на работите.

Општината апелира до фирмите и граѓаните да ги почитуваат прописите, со порака дека само со дисциплина и одговорност може да се обезбеди чиста и безбедна урбана заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања