Обвинувањата на неврохирургот на Заев, Филипче, за „мрачно враќање“ се чиста демагогија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Изјавата на Венко Филипче, неврохирургот на Заеви е уште еден обид за манипулација со јавноста и продолжување на политиката на двојни стандарди. Наместо да се соочат со реалноста дека нивното владеење остави институции потонати во корупција, непотизам и партизација, сега се обидуваат да го префрлат вниманието преку лажни обвинувања“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на статусот на Венко Филипче.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се обврзани на реформи кои ќе ги вратат институциите на граѓаните и ќе обезбедат вистинска деполитизација и професионализација. Вистината е дека токму во време на СДСМ, институциите беа заложници на партиски интереси, а довербата на граѓаните во системот достигна историски најниско ниво.
Наша цел е градење транспарентен и одговорен систем кој ќе биде во служба на граѓаните, а не на партиите. Со реформите кои ги воведуваме, Советот за граѓански надзор ќе биде столб на независност и професионализам, за разлика од контролираниот хаос што го остави СДСМ.
Обвинувањата за ‘мрачно враќање’ се чиста демагогија од страна на тие кои беа синоним за неуспеси, блокади и скандали. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на враќање на довербата на граѓаните и зајакнување на демократијата, наместо да ја користи како алатка за евтини политички поени, како што тоа го прави опозицијата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ