„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Последните одлуки на Мицкоски носат сериозна опасност, предупреди Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VenkoFilipceSDSM

Претседателот на СДСМ реагира на последните одлуки на Владата на Мицкоски и „бруталната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите“ и најавува дека СДСМ ќе се спротистави, ќе преземе мерки за заштита на граѓаните и институциите од партиската хегемонија.

— реклама —

„Како претседател на СДСМ, чувствувам должност да предупредам за сериозната опасност која ја носат последните одлуки на Владата на Мицкоски. Само пред еден ден, слушнавме големи зборови за деполитизација и департизација на институциите, а денес гледаме целосно спротивно – брутална партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Ова тело, кое треба да биде столб на независност и заштита на правата на граѓаните, сега се претвара во алатка за партиска контрола и злоупотреба.

— реклама —

Ваквата лицемерност на Владата е опасна за демократијата и ја враќа земјата назад во мрачните времиња на режимскиот систем, кога безбедносните структури беа под целосна партиска контрола, а правата на граѓаните беа системски кршени. Мицкоски не само што ги изневерува своите ветувања, туку и директно ги загрозува темелите на демократскиот поредок.

СДСМ нема да остане нем набљудувач. Ќе ја информираме меѓународната заедница за оваа скандалозна партизација и ќе преземеме се што е неопходно за да ги заштитиме граѓаните и институциите од оваа партиски брутален напад. Македонија заслужува независни и професионални тела, а не репродукција на режимски практики“. вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ustaven

СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Резолуцијата против нелегалната миграција

Македонија | пред 2 часа

media-libraryjifmen1b5iimcSc3g1L

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

Македонија | пред 5 часа

media-librarycshe3mf66sld7g6NC7m

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДС за да се скријат внатрешните проблеми

Македонија | пред 4 дена

media-libraryop0bq5gb25po2Vw8Ywn

Мицкоски: Не се затвора трезорот на 15 декември, ќе има толеранција и К-15 за вработените

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања