Промени тема
Контакт

Мицкоски: Владата со нови вонредни мерки, се намалуваат акцизите на горивата, спречен нов раст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски соопшти дека Владата донела нов пакет вонредни мерки за ублажување на последиците од глобалната енергетска криза, со кои се намалуваат акцизите на горивата и се продолжува намалениот ДДВ.

„Продолжуваме со намалената стапка на ДДВ од 18 на 10 проценти, а истовремено донесовме одлука за намалување на акцизите на дизелот за 4 денари по литар и за бензините од 95 и 98 октани за 2 денари по литар, со што директно влијаеме врз намалување на цените“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој нагласи дека без овие мерки цената на дизелот би надминала 102 денари за литар, а бензините би поскапеле дополнително, но со одлуките Владата успеала да го амортизира ценовниот притисок.

Дополнително, по разговорите со компанијата ОКТА, договорено е продолжување на попустите до крајот на април, со што вкупното намалување кај дизелот достигнува 7 денари по литар.

— реклама —

„Со оваа одлука испраќаме јасна порака – нема да дозволиме товарот од глобалната криза да падне врз плеќите на граѓаните“, порача Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека снабдувањето со горива е стабилно и дека нема потреба од ограничувања, и покрај зголемената потрошувачка која достигнала до 2 милиони литри дневно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања