Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Ќе имаме 10 модерни операциони сали, нови следуваат до лето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarymt2ts3gu9cjf42hYEQd

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во наредниот период ќе бидат ставени во функција вкупно 10 современи операциони сали, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор во модернизацијата на здравствениот систем.

Тој посочи дека во моментов се пуштени шест сали, додека во следните неколку месеци се очекува да бидат завршени уште четири, со што, како што рече, ќе се заокружи целиот процес.

— реклама —

Дополнително, најави дека од почетокот на летото се очекува да биде реализиран уште еден проект во Клиничка болница „8 Септември“, каде исто така ќе бидат пуштени во употреба модерни операциони сали.

— реклама —

„Со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот кога станува збор за ваков тип на операциони сали“, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека здравството останува еден од врвните приоритети на Владата, но и дека се потребни длабоки, структурни реформи.

— реклама —

„Во здравството има многу работи што треба да се направат. Потребни се фундаментални промени, и во менталитетот на политичарите, но и во менталитетот на кадарот“, рече тој.

— реклама —

Тој додаде дека реформите ќе се спроведуваат постепено, со оглед на ограничените ресурси, и дека Владата ќе продолжи да работи „проблем по проблем“.

Мицкоски упати честитки до директорите, министерот и сите вклучени во реализацијата на проектите, најавувајќи дека во периодот што следи ќе има уште инвестиции од ваков тип насочени кон подобрување на здравствената заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 21 час

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 21 час

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања