Македонија

Ќе одговара: Стружанец си правел ископи покрај Охридско Езеро, на државна парцела

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.И.(48) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животна средина и природа“ и „узурпација на недвижности“.

Тој, на парцела на крајбрежниот езерски појас во државна сопственост, прогласена за споменик на природата, која претходно ја узурпирал, повеќе пати во текот на оваа година, со работна машина -багер извршил ископ на земја а потоа, истурање на земјата во водите на Охридското езеро.

Пријавениот, истурил земја и извршил порамнување и на друга катарстарска парцела во крајезерскиот појас, во сопственост на друго лице со што извршил загадување на животната средина и негативно влијание врз квалитетот на водата и био-диверзитетот во Охридското Езеро.

На почеток