Скопје

Со фиктивна бомба и оружје било влезено во „Нептун“: Тошковски ќе ги награди полицајците

За 40% се намалени вкупните бројки за сторување на разбојништво, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој се осврна на последниот случај кој се случи вчера кога беше ограбен салонот на „Нептун“ во Градски парк. Тошковски најави дека тројцата полицајци кои делувале, ќе бидат наградени. Според министерот, пукано било од полицајците, но нема повредени, туку како предупредување додека разбојниците бегале.

„Со огнено оружје и фиктивна бомбашка направа сториле разбојништво, одзеле 10.000 евра и истите пробале да ги изнесат од деловниот објект. Од страна на МВР и СВР Скопје, како и Единицата за интервентна полиција. Овој случај е расветлен, а по насоки од јавен обвинител ќе има мерки, како и мерки за обезбедување на присуство“, рече Тошковски.

Според него, мерките кои се преземаат континуирано даваат резултати.

„На територија на СВР Скопје, за разбојништво, МВР има уапсено десетина лица непосредно по сторување на делото“, додаде Тошковски.

На почеток