Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Берово
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози.
Слаб снег провејува низ Западна Македонија, а во останатите делови од државата врнежите се од дожд.
Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, слично време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Најстудено утрово беше на Попова Шапка – 5 степени. Во Маврови Анови се измерени -3, во Крушево -2, во Берово -1, во Охрид, Претор и Прилеп 0 степени, во Тетово, Битола, Дебар и Крива Паланка 1, во Струмица и Виница 2, во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Штип 3.
Најмногу снег има во Берово 22 сантиметри, во Маврови Анови и на Попова Шапка 10, во Крушево седум и во Претор еден сантиметар. Најмногу дожд наврнало во Струмица 32 л/на м2.