Скопје

Скопјани кршеле чаши и шишиња, па го нападнале соптвеникот затоа што им ја исклучил музиката

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa против Н.Р. (47), Б.Р.(21) и Г.С.(37), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

Имено на 13.03.2019 година околу 01,30 часот во Скопје во угостителски објект во трговски центар откако З.В. сопственикот на објектот, ја исклучил музиката, второ и третопријавениот, почнале да ги кршат чашите и шишињата од масата, по што физички го нападнале истиот. Потоа во нападот се приклучил и првопријавениот, при што на З.В. му нанеле тешки телесни повреди.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток