Скопје

(Видео) Немањето јавен превоз е мерка за загадување на воздухот, вели доктор Пановски

Докторот и советник во Град Скопје, Никола Пановски, смета дека се спроведуваат мерки за загадување на воздухот од страна на градските власти, а тоа го гледа со фактот што нема редовен јавен превоз.

„Краткорочни мерки можат да се донесат, ама да кажете бесплатен превоз, а да нема автобуси – е смешно. Ако го чекам саат и пол и го дишам тој воздух, ништо не сме направиле. Ова е антимерка, за загадување, кога нема јавен превоз. Тогаш сакале или неќеле, луѓето ги вадат автомобилите“, рече Пановски и додaде: „Ако нема превоз, ќе има хаос“.

Според Пановски, сите државни институции треба да кажат кои мерки даваат резултати, но и од кои мерки може да има подобрување.

„Бидејќи се користи политиката, ако прашате новите советници, политичари – ќе кажат дека ништо не направила претходната власт во изминатите седум години. Јас ќе речам почитувајте го тоа што го направила,“ додаде Пановски.

Тој додаде дека тешко може да се пресмета колку лица починале од загаден воздух.

 

На почеток